Средношколците од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ ќе се препознаваат по различната школска униформa
Средношколците од училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ денес седнаа на иста маса да дебатираат како треба да изгледа нивната школска униформа. Униформите ќе се различни, но другарството ќе остане исто, велат средношколците.
Niko Nestor

Средношколците од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ ќе се препознаваат по различната школска униформа. Ова е само еден начин за намалување на проблемите кои настанаа во овие средношколски установи и кои се провлекуваа во текот на минатата школска година.
Во овие две средни училишта и досега имало школска униформа, но учениците не ја употребувале поради нејзиниот застарен модел и дизајн. Учениците сакаат униформа, но со модерен лик.
За тоа дали треба да има униформи во овие средни училишта и како тие треба да изгледаат денес помеѓу учениците и наставниците се водеше јавна дебата. Ова е дел од проектот кој го спроведува Младинскиот образовен форум со подршка на ОБСЕ. Неколку учениците пред две недели се обучуваа со цел да научат како се води јавна дебата. По строведениот тренинг добиле задача сами да организираат една таква расправа. Темата на дебатата ја избрале учениците како за нив најактуелна во овој момент.
Ана Бојаџиевска од Младинскиот образовен форум смета дека дебатирањето е најдобар начин за решавање на некој проблем, но нагласува дека дискусијата треба да биде конструктивна и издржана. Вакви дебати до крајот на годината ќе има уште четири, а за темите на кои ќе се расправа ќе одлучат самите ученици.