Skip to main content

Средношколците од „Јахја Кемал“ ги добија дипломите

ПСУ „Јахја Кемал“, од Струга бележи успех на уште една генерација. Синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се одржа цремонија на која на матурантите од оваа установа им беа доделени завршните дипломи.

 |  Николоска Биљана  | 
jahja kemal
јахја кемал

Шеесет и четири матуранти од ПСУ „Јахја Кемал“ подготвени за академски студии. Синоќа во Ц.К „Браќа Миладиновци“, во свечена пригода на учениците од генерацијата 2012-2013 им беа доделени дипломите. На сите присутни на церемонијата им се обрати директорот Исмаил Ердил, кој истакна дека учењето преставува најдобра инвестиција за иднината на еден млад човек. Тој додаде дека со овој свечен чин се заокружува четригодишното образование на една генерација на ученици, од која некои ќе се запишат на факултет, некои ќе побараат вработување, но заедничко за сите ќе останат спомените за убавите моменти и заедничкото дружење во училишните клупи.

jahja kemal„Вие сте оние кои со голем труд и грижа ни ги доверивте своите деца нам. Најпрвин вашите деца, а потоа и сите ние вработените во Јахја Кемал ви должиме голема благодарност. Кога ги гледам нив, можам да видам дека иднината ја предаваме во сигурни раце.  Колку и да се гордеете со нив – малку е. Ви честитам што одгледавте вакви деца. Почитувани родители, вашите центети деца целосно ни ги доверивте. Јас, заедно со управата, професорите, персоналот се грижевме за нив, како за свои деца. Еве повторно ви ги враќаме среќни и возбудени  затоа што станаа индивидуи кои се сигурни во себе, знаат што сакаат и се движат со храброст кон нивната цел;  го сакаат животот и исполнети се со љубов“

На средношколците им се обрати и првиот човек на општина Струга, Зијадин Села.
„Почитувани студенти од овој момент вие сте заедно до овој момент со вашите пријатели и сигурен сум дека сега се прашувате себе си дали пак ќе се сретните со вашите пријатели со кои споделувавте се. Вие имате еден заеднички пријател, кој ви го го подари приватниот колеџ „Јахја Кемал“, тоа се книгите секогаш кога ќе седнете да читате тогаш ќе бидете еден со друг“.  

jahja kemalКолку повеќе знаеме толку повеќе вредиме, а нашето училиште „Јахја Кемал“, има капацитет и можност да ни ги пренесе знаењата и вештините, рече Викторија Димова, првенецот на генерацијата.

„Пред четири години во Јахја Кемал влеговме како расеани адолесценти, изгубени на преминот меѓу детството и зрелоста. Во овие четири години склопивме безброј пријателства, како со учениците така и со професорите, се закитивме со многу награди, но најважно од се е тоа што од млади единки станавме зрели членови на општеството достојни да вршиме безброј функции од кои зависи иднината на оваа мала земја“.

Дека навистина вреди да се учи и дека учењето и напорната работа секогаш се исплатуваат, говорат бројните награди и признанија од натпреварите кои ги понесоа учениците од оваа приватна установа, не само од земјава туку и од странство. На најдобрите ученици со постигнати резултати, на церемонијата им беа доделени пригодни награди. Настанот беше збогатен со богата културно уметничка програма, изведби на песни на македонски, турски и албански јазик. Церемонијата финишира со традиционалното фрлање на капите на учениците.

{loadposition content9}