Skip to main content

Вевчани

Се средуваат туристичките локалитети во Вевчани

На самиот праг од туристиката сезона интензивно се работи на разубавување на репрезентативните туристички локалитети во Вевчани.
 |  Голабовски Крсте  | 
Мост Вевчани

На самиот праг од туристиката сезона интензивно се работи на разубавување на Општина Вевчани, со партерно и инфраструктурно средување на репрезентативните туристички локалитети.

„Интензивно се работи на партерното уредување на Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани “- напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на оваа Општина Спасе Кочовски.

Во споменикот на природата Вевчански Извори изградени се нови и извршена е реконструкција на постоечките мостови, огради, клупи и бродски светилки, – додава Кочовски.