Skip to main content

Се сретнаа полицијата и угостителите од Струга

И граѓаните на Струга се соочуваат со  нарушување на јавниот ред и мир.

 |   | 
logo
лого
За решавање на тој проблем денеска на маса седнаа раководните структури на полициската станица Струга и на локалната самоуправа, како и  угостителите и претставници од Центарот за Социјални Работи.

Актуелните случувања од областа на нарушување на мирот на граѓаните од бучавост, работното време на угостителските објекти, точење на алкохол на малолетни лица како и питачењето, се клучни теми кои треба да се решаваат во Струга.

sostanokПревентивното делување е основна цел за кое мора да се залага Полициската Станица од Струга, во соработка со локалната самоуправа, угостителите на струшкиот регион како и Центарот за Социјални Работи. Според Вишиот инспектор за превенција при ПС Струга Милчо Шумоликоски, состојбата во Струга не е алармантна.

Општина Струга будно да ја следи состојбата  во делот на нарушување на Јавниот ред и мир, изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој додаде дека мора сите да се придржуваме кон законодавството, и институционалната соработка да доминира во интерес на градот, пред се на сезоната.

Според изјавите на  Мерко, во Струга засега има само опомени за прегласна музика. Според него, посериозен проблем се питачите, кои во градот доаѓаат организирано.

Одговорноста за справување со овој проблем градоначалникот ја гледа во  Центарот за социјални работи, кој  мора да изнајде начин да се справи со него. Од одделението за превенција ПС Струга, апелираа: во месеците јули и август да се внимава со употреба на оружјето при свадби и веселби заради одбегнување на несреќни случаи.

Се што беше кажано на состанокот не оставио во голема дилема – дали одговорните не глеедаат што навистина се случува на терен или само сакаат да остават впечаток дека во Струга тече мед и млеко. Само нашата редакција, со отпчнувањето на туристичката сезона, сведок е и има направено преку 20-тина прилози кои го прикажуваат спротивното.