Skip to main content

Стабилна состојбата со ковид-19 во Вевчани

Само 40 ковид позитивни пациенти во регионот на Здравствен дом Вевчани. Повеќето со лесна клиничка слика, нема хоспитализирани во ковид одделот. Речиси сите вработени во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ со седиште во Вевчани и две амбуланти во Велешта и Лабуништа се вакцинирани.

 |   | 

Состојбата со корона вирусот во општина Вевчани е стабилна. Во регионот од 30 000 жители, кој го покрива Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски” во моментов има само 40 ковид позитивни пациенти.

Повеќето се во стабилна состојба со лесна клиничка слика, во ковид одделот нема ниту еден хоспитализиран пациент.

Ковид состојбата е стабилна, ние овој последниот бран го поминавме и не беше така екстремен како претходните, не само во Вевчани туку и во целиот регион кој го покриваме тоа се Лабуништа, Велешта, Боровец и сите места – вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски”.

Во здравствениот дом со седиште во Вевчани и две амбуланти во Лабуништа и Велешта, од вкупно 100 вработени само три лица не се вакцинирани против корона вирусот.

Во периодот до пред месец дена имавме околу 90% вакцинирани, но во последните 30 дена се довакцинираа би рекол сите. Имаме тројца невакцинирани двајца здравствени работници кои што не се вакцинирани и еден нездравствен работник во администрација – додава Стојкоски.

И вакцинацијата против корона вирусот се одвива непречно. Во Вевчани дневно се вакцинираат околу 30-тина лица, а најголем интерес има за трета доза вакцина.

 

Новинар : Соња Рилковска