Skip to main content

Стадо овци сардисани со вода

120 овци заложници на поплава во Струга. Од нив неколку веќе се удавиле. Исмаил Хида од струшкото село Радолишта, е сосема беспомошен бидејќи не знае како да му помогне на своето стадо овци.

 |  Биљана Николовска  | 
ovca
овца

trlo120 овци заложници на поплава во Струга. Од нив неколку веќе се удавиле. Исмаил Хида од струшкото село Радолишта, е сосема беспомошен бидејќи не знае како да му помогне на своето стадо овци. Тој секојдневно тропа по вратите на надлежните институции, но досега никој немал слух за неговиот проблем. Ниту еден од надлежните не дошол да ја види оваа безизлезна состојба.

Хида, во селото Радолишта одгледува овци скоро 27 години. Со тоа обезбедува егзистенција за неговото десеттчлено семејство. Со овие поплави причинета ни е голема материјална штета, вели тој.

Нашиот соговорник досега не памети ваква поплава која на места достигнува и до еден метар. Загрижен, не знае веќе каде  да побара помош. Хида не верува дека до крај на месец август ќе се повлече водата, бидејќи како што кажа тој освен поплавата предизвикана од дождовите, состојбата дополнително ја влошуваат и непрочистените канали, за кои никој во државава не води грижа.



{loadposition content}