Стартува проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“
Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители.
Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители.
Проектот потоа ќе биде презентиран и пред учениците во средното училиште „Ибраим Темо“.
Станува збор за проект кој во изминативе две недели беше реализиран во средношколските центри во општина Охрид и истиот претставува продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ спроведен во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25000 ученици од основните и средните школи, наставници и родители на целото подрачје на СВР Охрид.
Во насока на намалување на штетите од злоупотреба на опојни дроги и добивање прецизни информации за ова зло, предавањата ќе ги спроведе обучен едукатор за оваа област.
Проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ СВР Охрид го спроведува во координација и соработка со одделението за образование при општина Струга.
{loadposition content9}