Сторителот на семејно насилство надвор од домот
Jакнење на свеста кај граѓаните за препознавање и пријавување на семејното насилство и максимална вклученост на Центрите за Социјална работа, МВР и Судовите, се новините во Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Во Македонија секоја 4та жена е жртва на семејно насилство.
Сторителот на семејното насилство надвор од домот. Ова го предвидуваат новините на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Досега жртвата на семејно насилство беше згрижувана, потенцира заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими. Со законските измени насилникот ќе добие забрана да се приближува до домот, да и телефонира на жртвата, или да се приближува до работното место. Ибрахими признава дека во досегашното искуство за решавање на проблемот со семејното насилство, имало големи пропусти во работата на Центрите за социјална работа.
„Со новините во законот секој вработен во ЦСР ќе ја знае неговата лична одговорност во делот а постапувањето. Исто така и МВР има огромна одговорност во делот на спречување на семејното насилство и за самото пријавување со тоа што во кратки законски рокови од 24 треба да се реши одреден проблем кој се однесува на спречување на семејно насилство. Судот исто така е вклучен во кратки постапки да ги решава случаевите на семејното насилство и отстранување на оној кој го прави насилството“ – потенцира Ибрахими.
Законот за борба против семејно насилство е кавалитетен и претставува еден вид мала револуција во третманот на семејното насилство врз врз жените и децата бидејќи сменет е пристапот, односно полицијата и судовите превземаат сосема други надлежности кои што досега ги немаше, нагласи претседателот на комисијата за еднакви можности Лилјана Попоска.
„Законот е втемелен на знаење и пракса и затоа верувам дека ќе даде сериозни резултати доколку овие процеси на едукација кој што се нужни се направат како што треба. Многу е битно да се зголеми мрежата на социјални работници на терен едно симнување на законот на терен, затоа што на терен се случуваат проблемите и на терен треба да има јака мрежа од психолози, социјални работници и други стручни лица кои што ќе одат ќе ги следат работите не да чекаат жртвата сама да оди да ги пријави работите“– вели Попоска.
Новиот закон ги заокружува нашите залагања и претставува иновативно решение кое што оди во прилог на жртвите на семејното насилство категорична е Афродита Имери од македонскот женско лоби за борба против семејното насилство.
„Велам подобра работа затоа што законот создава услови но и понатаму треба да се зајакнат капацитетите. Ставам акцент на зборот понатаму затоа што ние не почнуваме од нула овој закон претставува еден резултат на повеќегодишна работа која што ја правеа пред се НВО во континуитет во јакнење на свеста и капацитетите а понатака подржана со институции, собраниска комисија за еднакви можности и во последниве години со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на локално ниво“ – потенцира Имери од женскот лоби.
Регионална конференција која што се одржа денеска во Струга во организација на пратеничката канцеларија на ВМРО – ДПМНЕ, според струшките пратеници Момчило Аврамоски и Нола Исмајлоска има цел за приближување на законот до народот, до државните институции кои се на терен и до Локалната самоуправа.
„Превенцијата во овој дел сега треба многу повеќе да и посветиме внимание затоа во овој закон се донесени делови и членови каде што јасно стои дека треба да работиме на подигање на свеста. Поентата на овој закон сметам дека е еднен од оние примери кога се работи за нешто добро и дека навистина сме многу сплотени“.
Во Македонија секоја 4 жена е жртва на семејно насилство. Тоа не значи само зголемување на случаите на физичко и психичко злоставување во домот туку подигнување на свеста и храброста за пријавување на истото.
{loadposition content9}