Штрајк на вработените во Водовод, Струга
Протест на вработените на МЈП „Проаква“, Р.Е. Водовод, Струга. Тие бараат исплата на 3 од вкупно заостанати шест плати и гаранција за редовна плата во наредниот период. Одговрните од ЈП без конкретни ветувања дека може да им излезат во пресрет на барањата на вработените, поради бројните и големи проблеми со кои се соочува претпријатието.
Шест месеци без здравствени картони и без плата не се живее, реагираат вработени на Р.Е. „Водовод“ Струга. Тие денес својот револт и јавно го изразија преку протест барајќи од одговрните излез од кризата која веќе подолг временски период владеела во ова ЈП. Како што изјави Блерим Ала денес оствариле разговор со дел од менаџерскиот тим на струшкото ЈП и побарале веднаш да им бидат исплатени 3 плати како и здравствено осигурување за да можат да се лекуваат.
„Не земаме ниту картони ниту плата ниту ништо. Платата ни ја делат по 10, 1000 денари 15 денари исто како питачите сме. Сега ни велат има премногу вработување, некој не си ја врши работата, ние тоа не го знаеме затоа има администрација, директор, шефови што некој треба да одговора за тоа“ – изјави претставникот на штрајкувачите.
Ала рече дека одговорните ништо конкретно не им ветиле, само им било кажано до 3 јуни годинава да не се надеваат на плата и придонеси. Тој категоричен дека и понатаму ќе протестираат, дури најави и радикализација на протестот со блокирање на улици. Ала кажа дека во градот имало голем број дефекти а работната единица била при крај со материјали, што во прашање го доведувало нивното санирање. Дека во струшки Водовод не цветаат рози потврдуваат и одговорните од ЈП. Раководителот на правниот сектор Астрит Селими потврдува дека до 3 јуни годинава не можат да префрлат ниту по десет денари на вработените бидејќи сметката им била блокирана и состојбата ескалирала поради некоординираноста помеѓу охридски и струшки водовод.
„Водовод Охрид ја поминаа платата а ние бевме договорени 3 те Р.Е. Да ја поминат заедно, но тие не се координираа со нас за да уплатиме и ние и да пуштиме дел од платата за нашите вработени, тие платија други трошоци и ја искористија рамката која изнесува 16 милиотни денари за 3 те РЕ и тука настана проблемот“ – вели Селими.
Генералниот директор на МЈП Проаква Томе Паскалоски, тврди дека од Водовот Струга обвинувањата не ги упатиле на вистинската адреса. Според него ЈП Водовод Струга од сопствена наплата на територијата на општина Струга треба да обезбеди средества за плата на своите вработени.
{loadposition content9}