Струга на 12 август ќе спроведе дезинсекција против комарци

Општина Струга ги известува граѓаните и пчеларите дека на 12 август 2026 година, среда, на територијата на општината ќе се спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција за уништување на комарци.
Запрашувањето ќе се врши во вечерните часови, со почеток во 20:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови. Ќе се користи апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места на територијата на Општина Струга.
Од Општината апелираат до пчеларите и пчеларските здруженија да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите во периодот кога ќе се спроведува третирањето.
Во случај на неповолни временски услови, односно појава на ветер или дожд, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни услови.







