Skip to main content

Струга со чисти плажи

И летово, струшките плажи ќе бидат чистени од страна на Комуналците.

 |  Билјана Колоска  | 
sank
шанк
„Нема да дозволиме крајбрежјето да се претвори во депонија, но за услугите ќе бараме да ни плати ресорното министерство“, вели директорот на ЈП.Комунално од Струга.

„Ако не сакаат со спогодба, ќе им ги бараме парите по судски пат“, додава директорот.

plaza„Сеуште не се дефинирани ингеренциите за превземање на овие активности, но во никој случај нема да дозволиме плажите да се претворат во депонии“, вели директорот на ЈП Комунално.

Покрај собирањето на сметот, ќе се уредуваат  зелените површина покрај пешачките патеки и ќе се чисти обраснатата трева од плажите, информира директорот, Ваљон Џила.

„Со забрзано темпо сме работеле претходниве години иако тоа не е наша обврска, така ќе работиме и оваа сезона, но тоа не значи дека го правиме на добра воља,  без да ни биде платен трудот“, вели директорот.

Директорот Џила информира дека министерството за транспорт и врски за чистењето на плажите во текот на изминатата година на Комуналното претпријатие му  должи 1 2500 денари. За активностите кои ќе ги превземаме во текот на оваа година, на адреса на министерство ,ќе бидат фактурирани околу 3 милиони денари. Приморани сме да превземаме мерки за чистење на плажите  бидејќи доколку не се чисти индиректно губи општината, вели директорот.

{loadposition content9}