Струга денес обоена во сино
На иницијатива на волонтерите од „Порака Нова“, одбележан Светскиот ден на лицата со аутизам.
На иницијатива на волонтерите од „Порака Нова“, одбележан Светскиот ден на лицата со аутизам.
„Носи сино за аутизам“. Под ова мото денес во центарот на Струга, волонтерите од Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии ПОРАКА НОВА, достојно го одбележаа Светскиот ден на аутизмот. Со, песна, оро и ленти и балони во сината боја денес беше украсен чаршискиот мост во Струга. Анита Гагоска Шутиноска – генерален секретар на „Порака Нова“вели дека грижата за лицата со аутизам и грижата за лицата со посебни потреби никогаш не е доволна, а овој ден е токму во функција на тоа да се подигне свеста кај населението дека ваквите лица се меѓу нас, а ние сме оние кои треба да ги прифатиме.
„Лица со аутизам има вклучено и во дневниот центар и во посебната паралелка во Струга, занчи тие се пристуни во општеството и мора да бидеме свесни дека состојбата аутизам е нешто кое мора да го прифатиме“, вели Шутиноска.
Во Струга моментално има две деца со аутизам, од кои едно ја посетува посебната паралелка која функционира во рамките на ОУ „Браќа Миладиновци“, објаснува Гагоска-Шутиноска и додава дека за жал, во нашата земја не постои официјален регистар на лицата со аутизам, иако последните истражувања покажуваат дека тој се јавува почесто од Дауновиот синдром, ракот кај децата или глувоста.
„Факултетот за дефектологија сега излегоа со некои бројки дека се зголемува бројот на лицата со аутизам, мислам дека во последно време се прават некои статистики“, потенцира Шутиноска.
Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот. Главни карактеристики на аутизмот се слаба или никаква социјална интеракција и комуникација, ограничени активности и повторувачки шеми во однесувањето. По тие каrактеристики аутизмот се разликува од останатите нарушувања од групата нарушувања од аутистичниот спектар. Причините за аутистичното нарушување се уште не се во целост познати. Но сепак, голем број експерти тврдат дека до ова нарушување водат различни причини. Наследувањето кај аутизмот е голема, но со оглед на тоа што генетиката на нарушувањето е сложена, не се знае кои гени се за тоа одговорни. Секој ден кај најмалку едно дете во Македонија се открива аутизам, велат од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје.
{loadposition content9}