Skip to main content

Струга ќе добие своја национална бавча

Во прекрасен амбиент, посетителите ќе имаат можност да вкусат разни специјалитети.

 |  Тања Кувенџиска  | 
ladolez
ладолеж
Струшки ќепенци- е името на Националната бавча која од вечерва е отворена за секој гурман и вљубеник во традиционалниот македонски амбиент. Во склоп е на хотел Дрим и ќе биде отворена за сите, а не само за гостите кои престојуваа во овој хотел.

ladolezНаша цел е да ја збогатиме туристичката понуда, која за жал години наназад не се променала. При тоа, на гостите да им понудиме јадењата кои ги правеле и нашите баби, велли Тоше Чочороски, менаџер на х. Дрим.

Националната бавча ќе работи секој ден од 10 до 24 часот. Кон убавиот амбиент ќе придонесат и звуците на староградската музика.
Како што потенцира Чочороски, Националната бавча го добила името според струшките ќепенци, со кои некогаш се затворале и заштитувале дуќаните на бројните занаетчии во овој град. За жал, сега се останати многу малку од нив. Ги заменаа големи и нови градби кои воопшто не наликуваат на некогашните, стари дуќани по кои Струга била препознатлива.    

 

{loadposition content9}