Струга ли е, Скопје ли е?
Беќири додава дека за грешката им било укажано од Секторот за финансии и дека станува збор за техничка грешка, па како таква и ја прифатиле. Претседателот потенцира дека речиси 4 часа расправале на таа седница за буџетот и не е дека не знаеле што гласаат. Регаираа дел од советниците, како и членот на комисијата на советничката група на ДПА. Координаторот на оваа советничка група, Сурија Рушити потврди дека станува збор за техничка грешка, која е резултат на тоа што обрасците се земени од град Скопје. Не се работи за целиот буџет, туку само за две ставки, кои се однесуваат на трошоците на градоначалникот, како и ставката која се однесува на капиталните трошоци, но оправдување нема, додава Рушити.
Од администрацијата велат дека прблемот е во компјутерската програма и оти најверојатно се работи за техничка грешка. Дали станува збор за буџетот на Струга или Скопје буџетот на општината за 2011 година е проектиран на 13 милиони евра, од кои 7 милиони евра се од блок дотации по одделни намени, ,а нема програма за капитални инвестиции. Најголемата ставка на буџетот, покрај ставката за плати на администрацијата во висина од 435 милиони денари, е изградбата и реконструкција на локалните патишта која изнесува 40 милиони денари.
{loadposition content9}