Skip to main content

општина струга

Општина Струга доделува финансиска поддршка за обука и лиценцирање на туристички водичи

Вкупен буџет изнесува 200.000 денари, кои ќе се распределат подеднакво меѓу барателите со одобрени барања, а крајниот рок за аплицирање е 27 ноември 2026 година.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга, согласно Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, објавува јавен повик за финансиска поддршка на физички лица кои сакаат да стекнат лиценца за туристички водич, туристички придружник и/или туристички водич на планина.

Вкупен буџет изнесува 200.000 денари, кои ќе се распределат подеднакво меѓу барателите со одобрени барања, а крајниот рок за аплицирање е 27 ноември 2026 година.

Апликациите се поднесуваат на шалтерот на Општина Струга, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Со оваа мерка го поттикнуваме развојот на професионален кадар, унапредувањето на туристичките услуги и промоцијата на природното и културното наследство на Струга.

Повеќе информации на линкот.