Skip to main content

Организирано питачење

Струга и оваа сезона преплавена со питачи

Цело лето престојуваат лица од други градови, кои просат по градските улици. Од граѓанските здруженија велат станува збор за организирано питачење. Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од други градови, кои се оставени на милоста на граѓаните.
 |  инфодеск  | 
Питачење Струга

Питачењето сериозен проблем во туристичка Струга. И ова лето низ центарот на градот забележителен е огромен број питачи. Најчесто на улица се сретнуваат деца, но и повозрасни лица  од ромска националност. Голи, боси и изгладнети просат пари од минувачите.

Од граѓанските здруженија велат станува збор за организирано питачење. Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од други градови, кои се оставени на милоста на граѓаните.

Сите се питачи кои доаѓаат од други градови, поготово оние кои собираат старо железо тие ги носат жените и децата со себе. Тие собираат железо, овие питачат. Ги следам и веќе работам со полицијата и со социјални грижи зaеднички дa поработам и понатака, бидејќи е претерано – вели Мерко.

Питачење

Полицијата спроведува акциски контроли, затекнатите на лице место се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење, но тие повторно се враќаат.

Не може да ги приведат децата бидејќи се малолетници може да се приведат само ако мајките кои ги пуштаат на питачење се приведат или таткото итн. Но, веќе имаме цел да го намалиме питачењето во помал процент – додава Мерко.

Најчесто лицата што питачат на брегот на Охридското езеро се од други градови, од Централна и Источна Македонија. Го минуваат летото просејќи од туристите. Законот за прекршоци предвидува  и казни за питачење од 15 до 30 евра во денарска противредност.

Новинар : Соња Рилковска