Почна изградбата на „Источноколекторска“ – Струга го решава сообраќајниот хаос
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, изјави дека официјално започнаа работите за реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти, изградбата на патот Струга–Моришта „Источноколекторска“, стратешка инвестиција која ќе го трансформира влезот и сообраќајот во градот.


Овој капитален проект претставува конкретно решение за ставање крај на долгогодишниот проблем со чекање на влезот во Струга.
За овој проект, Министерството за транспорт предвиде 2.2 милиони евра, а најповолна понуда достави компанијата МИ Транс во износ од 1.2 милиони евра. Разликата во средствата е побарано да се пренамени за други проекти во интерес на граѓаните.

Тековниот сегмент опфаќа:
• должина од 600 метри (од кружниот тек кај Фони до Туристичката улица / поранешна Аполонија)
• ширина од 35 метри
• 4 сообраќајни ленти
• зелен појас во средина
• тротоари и странично зеленило
Работите ќе се одвиваат во две фази, со рок на завршување од 6–9 месеци.
– Оваа нова сообраќајница ќе создаде модерен влез во градот и понатаму ќе се поврзе со новиот пат кон Моровиште, значително подобрувајќи ја мобилноста и развојната перспектива на целата зона. Ова е Струга која гради, планира и чекори напред со проекти што прават разлика, се вели во соопштението од Општина Струга.


