Skip to main content

Во Струга отворена првата канцеларија на „Агрооператива“

Во Струга отворена првата канцеларија на Сојузот на здруженија и фармери „Агрооператива“.

 |  Маленкова Татјана  | 
agrooperativa
агрооператива

Агроператива ќе се залага за едукација на земјоделците и нивно доусовршување. Токму оваа канцеларија ќе бидат алка која ќе ги поврзува земјоделците и министрството за земјоделство.  „Канцеларијата ја отвораме за да им служи на земјоделците  и фармерите за да може овде со нас да ги реализира своите цели“, вели претседателката на „Агрооператива“.

„Сите заинтересирани здруженија ќе може да ја користат услугата на оваа канцерија која ќе им биде сервисagrooperativa на сите земјоделци и на сите оние на кои ќе им треба совет, насока, стручна литература организирани и квалитетни земјоделски производи“, вели Моника Велевска, претседател на „Агрооператива“.

Од агрооператива велат дека тие се тука за да им помогнат на сите оние на кои сакаат да запонат бизнис.  Од таму велат дека ќе направат се да најдат спонзори преку кои на земјоделците ќе им дадат матријали и репроматријали, и дека подоцна ќе им помогнат и да ги продадат производите.

„Да им помогнеме во пласманот на производството во однос на прибирање на поевтини лекови зближување со земјоделците со сточарите со сите фармери  за да станат поголеми, од мали сточари ќе направиме големи фармери, со кои понатака во Р Македонија ќе се трудиме да докажеме со производството и амбалажата дека можеме да бидеме конкурентни на европскиот пазар“, вели Ристо Досиновски,член на Управениот одбор и претседател на пчеларско друштво Пчелар, Струга.

Во канцеларијата на  агрооператива земјоделците ќе може да добиваат и правни совети. Преставникот од agrooperativaграѓанската асоцијаци од Битола, Ѓорѓи Јошевски, вели дека земјоделците за многу скоро време ќе ја увидат оправданоста од оваа канцелатија.

„Во делот на давањето на правни совети на самата „Арооператива“ сите земјоделци и сите останати кои се занимаваат со тоа во тој сегмент може да се јават во оваа канцеларија. Ги повикуваме сите индивидуални земјоделци  и сите организации кои се занимаваат со пчеларство, живинарство и сточарство со сите елементи во земјоделието  да се приклучат кон „Агрооператива“, вели Ѓорѓи Јошевски, преставник на граѓанска асоцијација од Битола.

Сојуз на здруженија на фармери Агооператива е формиран од шест здруженија. Тие се повеќе од сигурни  дека до Нова Година ќе има поголема масовност и сеопфатност на земјоделците. Денеска беше отворањето на канцеларијата во Струга, а за скоро ќе се отворат канцеларии во Дебар, Битола и Прилеп.

{loadposition content9}