Струга ќе биде празнично украсена
Струга ќе блесне во празнично руво. Градот на мостовите ќе биде украсен за Новогодишните и Божиќните празници. Најавен е концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на плоштадот Мајка Тереза.
Поради кризата и препораките за штедење прославата ќе биде скромна, за оваа намена општината издвои 5000 евра.
Увидовме дека граѓаните сакаат повеќе, без оглед дека има енергетска криза нешто да се направи и во делот на украсувањето. Најголемиот дел се однесува на ангажирање на музичарите за одржување на концерт за деца, но ќе направиме надополнување на програмата за Новогодишен дочек – вели Арбреша Влаши, претседателка на Совет на општина Струга.
И покрај енергетската криза, за празниците нема да има рестрикции на уличното осветлување. Градот ќе биде осветлен бидејќи се очекуваат голем број туристи.
Тоа значи дека за време на празниците Новогодишните и Божиќните централното јадро во градот ќе биде осветлен и ќе се прилагодиме кон празничната атмосфера – додава Влаши.
Општина Струга веќе неколку месеци штеди електрична енергија, јавното осветлување се исклучува, на што реагираат граѓаните, а поднесен и е Управен приговор.
Новинар : Соња Рилковска