Skip to main content

Општина Струга објави списоци со недоставени опомени за комунална такса, рокот за плаќање е 10 дена

За дополнителни информации, граѓаните и правните лица можат да се обратат до Секторот за финансиски прашања при Општина Струга.
 |  инфодеск  | 
Општина Струга

Општина Струга ги известува граѓаните и правните лица дека се објавени списоците со недоставени, односно вратени опомени за неплатена комунална такса за 2024 и 2025 година.

Сите физички и правни лица кои имаат обврски за комунална такса, а не добиле опомена лично, се повикуваат да проверат дали нивното име се наоѓа на објавените списоци.

Списоците се достапни во „Службен гласник“ на Општина Струга, како и на огласната табла на влезот во општинската зграда. Од Општината посочуваат дека опомените ќе се сметаат за уредно примени и доколку не им биле лично доставени на даночните обврзници.

Доколку утврдените обврски не бидат подмирени во законскиот рок од 10 дена, Општина Струга ќе продолжи со постапката за присилна наплата.

За дополнителни информации, граѓаните и правните лица можат да се обратат до Секторот за финансиски прашања при Општина Струга.