Во Струга не се одржа најавената 26 та седница
Струшките советници на СДСМ и ДУИ после час и половина чекање да отпочне 26 тата седницата, си заминаа. Тие обвинија дека станува збор за несериозност на јавната администрација и на претседателот на Совет, и не можноста коалиционите партнери да се договорат меѓу себе.
Не се одржа 26 тата седница на струшкиот Совет. Советниците на СДСМ и ДУИ реагираа на ваквото доцнење велејќи дека не може повеќе да се толерира ваквиот неодгворен однос на јавната администрација и претседателот на Совет.
„Советничката група на СДСМ ја напушти денешнава седница заради несериозноста од страна на администрацијата, односно недоразбирањата, најверојатно во коалицијата ДПМНЕ и ДПА не доведуваат до вакви ситуации почесто седниците да почнуваат со каснење од еден час а денес веќе се претера бидејќи се доцни час и половина. Не е толерантно и не смееме да толерираме повеќе вакви работи“ – категоричен Ложанкоски.
Нетрпение и нервоза поради доцнењето на седницатга имаше и кај советниците од ДУИ, кои исто така си заминаа пред да бидат известени дали ќе има или не седница. Координаторот Фитни Далипи со став.
„Ова беше поради несериозноста на администрацијата на општина Струга и претседателот на Совет. Ова не е прв пат што се доцни на седниците често се случува и многу пати сме ги критикувале, но тоа не допира до нив и мислам дека ваквиот нивни однос нема долго да трае“ – вели Далипи.
Откако претседателот на струшкиот совет Абдула Ќазимоски виде дека советниците на СДСМ и ДУИ заминаа тој се обрати само медиумски и кажа дека 26 тата седница се одложува.
„Поради административните проблеми моравме да ја одложиме седницата за понеделник во 10 а не поради несериозност. Не е од моја страна тоа е од страна на советниците јас морам да ги чекам нив за да има кворум, грешката е кај самите советници а не кај Советот“– изјави Ќазимоски.
Инаку на денешната седница требаше да се расправа по неколку значајни точи, меѓу кои квартални извештаи на ЈП, извештај за безбедносната состојба во градот од 01.07 2014 до 31.12.2014, а на дневен ред беше и Предлог одлуката за формирање на ново ЈП за комунални дејности. Останатите точки беа од урбаната сфера кои се однесуваа на легализација на објекти.
{loadposition content9}