Skip to main content

Во Струга нема улично осветлување

Од локалната самоуправа се правдаат дека во најбрз можен рок ќе се надмине проблемот, но со сигурност незнаат кога. Клучот лежи во мерните коли на ЕВН.

 |  Николоска Биљана  | 
sijalica
сијалица

Од локалната самоуправа се правдаат дека во најбрз можен рок ќе се надмине проблемот, но со сигурност незнаат кога. Клучот лежи во мерните коли на ЕВН.

sijaliciНаселбата Плитиште и ул. Ристо Крле, посебно се издвојуваат на таа листа. Овој проблем е хроничен и досега никој од одговорните структури на Локалната самоуправа нема излезено со став за проблематичната состојба.

Постои сериозен проблем по ова прашање велат од Локалната самоуправа на општина Струга. Одговорниот Тажгур Сулејмани вели дека осветлувањето во глобала е задоволително ако се замат предвид и 50 села во струшко. Сулејмани додава дека 95% од осветлувањето е во ред со исклучок на места кај што постојат сериозни проблеми кои само ЕВН може да ги сервисира.

Населбата „Плитиште“ на самиот влез во Струга исто така е црна точка. Таму проблемот е скоро ист според начинот по кој треба да се санира, вели Сулејмани.

За овој проблем веќе се известени во ЕВН, а одговорните веруваат дека за брзо време Струга нема да биде во мрак во ноќните часови точно во централните зони, влезот на градот и местото околу болничкиот комплекс.

Во интерес на вистината, со точност не може да се каже кога ќе се надмине овој проблем, бидејќи во ЕВН по се изгледа има дефицит на мерни возила. Низ Македонија делуваат само две такви. Во моментов единствено само тие можат да извршат идентификација на сериозен проблем,  како што е овој со уличното осветлување во Струга.



{loadposition content9}