Струга очекува наплив на туристи за Новогодишните празници
Струга очекува туристи за Новогодишните празници, но не како пред пандемијата. Интерес за тридневните Новогодишни аранжмани има од туристите во регионот, но за разлика од минатите години кога овој период беа речиси распродадени, сега се букирани многу помалку. Градот на мостовите скромно ќе се украсува, ќе се штеди поради енергетската криза.
За празниците се очекува да дојдат и голем број иселеници од струшко.
Она што го добиваме како информација од туристичкиот сектор е дека веќе прават аранжмани за Нова година, најголем интерес има од туристите кои што се од регионот и соседните земји – вели Валентина Переска, раководител во Агенцијата за туризам – Струга.
Струга изминатата сезона забележа зголемување на бројот на туристи за 45%. Општината заедно со Агенцијата за промоција на туризмот ќе работат на креирање на нови туристички содржини за привлекување на што поголем број туристи.
Има зголемување на бројот на туристи од приближно 45 %, што е приближно со државниот процент на зголемување кој изнесува над 50% во однос на изминатата година. Се разговараше и за потребата на општина Струга во вклучување на промотивни активности – додава Переска.
Деновиве ќе започне и украсувањето на градот на мостовите. Првиот човек на општината вели годинава ќе биде поскромно, ќе бидат поставени новогодишни елки и реквизити, ќе биде осветлена реката Црн Дрим, но нема да има луксузи, бидејќи ќе се штеди поради енергетската криза.
Новинар : Соња Рилковска