Skip to main content

Во Струга одбележан денот на победата над фашизмот

9 ти Мај денот на победата над фашизмот, како и Денот на Европа, одбележан во Струга. Повеќе делегации положија свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата. Пригоден говор по повод денот имаше претседателот на струшкиот сојуз на борци Ајредин Мемеди.

 |  Николоска Биљана  | 
spomenik na revolucijata
споменик на револуцијата

balovceБорците од Струга ја одбележаа 68 годишнината од победата над фашизмот. Воедно го одбележаа и денот на Европа. Во Струга и денес постојат живи сведоци, учесници во НОВ, кои сеуште не ги забораваат дамарите на 4 годишната борба против германскиот окупатор и на нив се сеќаваат како да било вчера. Еден од нив е Илија Балоски. Тој вели дека денешната годишнина е посветена на еден од најславните денови во историјата на македонскиот народ и сите народи во светот.

„Периодот од 1941 – 1945 и нешто пред неа беше период на огромно злосторство над народите во светот. Една одредена партија праеше злочини правеше поништување на луѓе, држави и се останато“.

Балоски истакна дека времето delegaciiпоминува а големите луѓе кажале: „Вистина е она што било и се запишало, насликало или оспоменичило, бидејќи во спротивно може времето така важни збиднувања да ги фрли во заборав или вистината да се искриви“.

„9 ти Мај 1945 под силен воен организационене и секаков притисок, коалицијата антхитлелровска бидејќи имаше и Хитлеровска тргна во конечна борба со непријателот и со огромни здружени воени сили здружени Англија, Америка и Русија тргнаа од исток кон Берлин, тогаш се отвори вториот фронт и добро се сеќавам на конечната битка со непријателот“.

Балоски порача споменот на победата над фашизмот да живее вечно, сите народи во светот да живеат братски и да не дозволиме никогаш повеќе да се случи такво зло.  На Споменикот на револуцијата и на бистите на паднатите борци, денес, повеќе делегации положија свежо цвеќе. Свое обраќање имаше и претседателот на струшкото здружение на борци Ајредин Мемети.

{loadposition content9}