Струга оди во втор круг со Села и Мерко
Зоран Ногачески кандидатот на СДСМ е градоначалник на Дебрца а Сашо Јанкоски на од истата политичка опција во Вевчани, според последните податоци на ДИК. Општина Струга оди во втор круг со кандидатите Зијадин Села зад кој стои еден неполн градоначалнички мандат и Рамиз Мерко кој во оваа општина одработи два мандати, изминативе години.
Општина Струга оди во вториот круг од Локалните избори 2017 год. Битката за градоначалничката фотелја ќе ја бијат кандидатот за градоначалник Зијадин Села од Алијансата на Албанците со освоени 9.289 гласови и Рамиз Мерко од ДУИ со освоени 7.916 гласови. Ова е според последните неофицијални податоци од Државната изборна комисија.
Кандидатот на СДСМ Васил Ашталкоски има освоено 7.140 гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сејад Солакоски освои 4.149 гласови. Кандидатот на БЕСА Лавдрим Елмази ја доби довербата на 1.060 гласачи, а независниот кандидат за градоначалник Насто Палиоски осви 177 гласови.
Од вкупно запишаните 4.625 лица со право на глас во општина Дебрца, кандидатот на СДСМ Зоран Ногачески, победата ја понесе со 1785 гласови, додека пак кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ Игор Трајковски освои 1212 гласови, а Јадранка Бибан доби 55 глалса.
Меѓу општините кои добија градоначалник во првиот круг е и општина Вевчани. Кандидатот на СДСМ Сашо Јанкоски освои 870 гласови, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Цветомир Угриноски 686 гласови.