Струга подготвена за Преспа Форум дијалогот
Струга подготвена за најголемата меѓународна конференција во земјава – Преспа Форум дијалогот. За прв пат градот на мостовите е домаќин на овој голем меѓународен настан, каде ќе присуствуваат стотина високи државници, амбасадори,дипломати, министри, премиери од регионот, ЕУ и САД.
Уредени патишта, улици, зеленило, цветни површини, расчистени депонии, вака Струга ќе ги пречека високите гости.
„Се чисти во целост генералка во градот Струга, се чистат депониите, се прави сообраќајна сигнализација, се средуваат сообраќајните знаци- вертикална сигнализација, се уредуваат кејовите”, вели градоначалникот Рамис Мерко.
За време на форумот ќе има и вонреден сообраќајен режим и засилено полициско обезбедување. Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
„Денес од 16 часот затворени за сообраќај ќе бидат улицата Партизанска на потегот од кружниот тек со улицата Маркс и Енгелс,улицата Владо Малески и кружниот тек со улицата 15ти Корпус овие улици ќе бидат целосно затворени за сообраќај .Во текот на утрешниот ден во посебниот режим на сообраќај ќе биде опфатена улицата партизанска која целосно ке биде затворена пред пристигнувањето на најавените делегации а потоа ке биде овозможено наизменично одвивање на редовниот сообраќај .Во текот на утрешниот ден посебни сообраќакни мерки ке бидат преземени и на магостралниот пат Подмоље –Ќафасан”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
„ Не верувам дека ќе има некој сообраќајен метеж, но сепак апелираме до граѓаните да почитуваат вакви големи настани кои се случуваат во Струга” – додава Мерко
Преспа Форум дијалогот годинава има посебно значење бидејќи се одбележуваат пет години од потпишувањето на Преспанскиот договор. Агендата вклучува, дискусии за актуелните регионални и европски политичко-безбедносни прашања, интегративните процеси на Западен Балкан во ЕУ, перспективите за зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи, борбата против корупцијата и други актуелни теми.