Skip to main content

Стружани ќе можат да пријавуваат проблеми на општинската веб страна

Преку оваа услуга, секој граѓанин има можност лесно да пријави проблеми со кои се соочува во заедницата, како што се: инфраструктура, јавно осветлување, хигиена и чистота, јавен ред и безбедност, како и други прашања од јавен интерес.
 |  инфодеск  | 
Општина Струга

На официјалната веб-страница на општина Струга е лансирана нова опција за пријавување на проблеми.

Преку оваа услуга, секој граѓанин има можност лесно да пријави проблеми со кои се соочува во заедницата, како што се: инфраструктура, јавно осветлување, хигиена и чистота, јавен ред и безбедност, како и други прашања од јавен интерес.

Пријавувањето на проблемите овозможува побрза и поефикасна реакција од страна на општинските служби и придонесува кон создавање на подобра, побезбедна и пофункционална заедница за сите, велат од општината.

Оттаму ги повикуваат граѓаните активно да ја користат оваа можност и да придонесст за подобрување на квалитетот на живот во градот.

https://report.struga.gov.mk/