Skip to main content

Струга пример за соживот

Соживотот во Струга стои на цврсти нозе. Гледано од призма на невладиниот сектор и покрај тоа што општината важи за кревко подрачје место за конфликт нема. Од влашката заедница сметаат дека соживотот се повеќе ги сплотува стружани, додека пак албанските аналитичари од Струга сметаат  дека политичката ситуација во Македонија е заострена поради политичките струења а не поради меѓуетнички омрази.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Струга пример за мултиетнички соживот. Струга била и останува пример за тоа, како комшии македонци, албанци, власи, турци, роми живеаат сложно, како куќни пријатели, соработници, еснафи  велат граѓаните. На прашањето, како го оценуваат соживотот во овој град после случувањата во Куманово стружани со размислување.

„Постои и тоа многу добар, ми се чини дека нема некаде повеќе. Тоа кај нас е со години не само сега, и пред другите случувања исто беше вака и сега со овој случај ќе влее желба за подобвар соживот. Многу политичко прашање е ова, ние секогаш сме живееле во заедница да ги снема политичаритесе ќе биде во ред. Нормално дека оваа вест не ја примивме позитивно, сепак треба да се размисли дека не дај боже секаде можи да се случи тоа што се случи во Куманово. Би посакала и еден апел до сите ова братски да го пребродиме како што треба и се надевам дека нема да се повтори гледате дека животото во Струга е мирен, нема некоја си возбуда од националан база, но сепак треба да сме мирни и сталожени. Јас мислам дека е добар на високо ниво“– велат граѓаните.

Соживот во Струга постои а истиот го бранат жителите на овој град без разлика на нивната верска и национална припадност, вели Драгица Павлеска Попеска од НВО „Езерка“ Струга. Таа загрижена е за моменталната состојба во државава, но нагласи дека Македонија е заедничка татковина за сите и мора да ги вреднуваме сличностите и разликите и сполотено да делуваме и докажеме дека никој од надвор не може да ја загрози безбедноста во мултиетничките средини предизвикувајќи конфликт и омраза меѓу населението.

„После овие немили случувања кои ја разбранија цела Македонија и во Струга се почуствува една вознемиреност меѓу населението кај одреден тип и страв за своето утре, иако немаше некои префрлања се течеше мирно и со граѓаните со кои разговаравме сите го осудија настанот и сочуствуваа со семејствата на загинатите полицајци но сепак треба состојбата треба да се следи будно и многу да се работи на оваа проблематика бидејќи сме кревки подрачја и мораме заеднички да живееме бидејќи немаме друг избор“– нагласува Попеска.

Таа упати апел до медиумите да се залагаат за точно и правилно информирање без да измислуваат свои приказни, посебно во вакви чувствителни состојби кога на конец висат животите на нашите безбедносни сили. Според неа медиумот е движечка сила во зачувување на мирот и соживотот. Од влашката заедница со сличен став. Наум Дуниоски. вели дека стружани овој пат се воздржаа од конфликти, бидејќи во овој град отсекогаш соживотот бил на високо ниво. Додаде дека многу трибини, работилници, биле посвтени точно на тој соживот каде се докажало дека мислењата и ставовите на учесницте од различни етникуми се идентични и дека сите се залагаат за мирен живот и просперитет на градот.

„Ние власите сме лојални граѓани на оваа држава и на сите мултиетнички заедници и сега за сега не се случиле никакви конфликти. Треба да се зачува соживотот бидејќи соживотот може да не сплоти“ – изјави Дуноски.

Соживотот на граѓаните без разлика на нација и верска исповест е квалитетен, вели Муса Мусаи политички аналитичар од Струга. Додава дека во општината се негува традицијата и почитувањето кое претставува мало богатство што треба да се сочува и во иднина.

„Во моментов политичката ситуација во Македонија е заострена поради политичките струења а не поради национални омрази. Тука би требало политичките партии да се испразнат од преголеми товари што се носат бидејќи нашата земја е мала, а голема за такви работи за кои што и Балканот може да се запали. Сметам дека и другите градови треба да земат пример за соживот од Струга што се постигнува со меѓусебно здружување и почит еден према друг“– категоричен Мусаи.

Мусаи вели дека во Струга нема место за предизвикување на конфликти бидејќи стружани тоа не го поддржуваат. Категоричен дека сите жешки теми треба да се стават на маса и отворено да се дискутира за да се изнајде вистинскот решение, а не да суди оружјето, заканата и омразата.

{loadposition content9}