Струга приреди спектакуларен дочек на своите ракометни херои
Запалени факели, развиорени знамиња и затворени улици. Претесен беше просторот пред струшкото Пливалиште да ги собере илјадниците граѓани кои дојдоа да ги поздрават своите ракометни херои.
Запалени факели, развиорени знамиња и затворени улици. Претесен беше просторот пред струшкото Пливалиште да ги собере илјадниците граѓани кои дојдоа да ги поздрават своите ракометни херои.
Воодушевени од пречекот на своите сограѓани, ракометарите со став дека регионот е расадник на таленти, но дека на развојот на спортот мора уште многу да се работи.
Успехот на Европското првенство не е случаен, потребно е вложување на многу труд и многу одрекувања. Но, успесите на Македонската ракометна репрезентација нема тука да застанат, ветија од бината ракометарите.
Серијата спортски успеси, се доказ дека во нашата земја спортски таленти има. Граѓаните со иста мисла. На спортот треба да му се посветува многу повеќе внимание. Тоа е еден од начините за формирање на здрава младина.
Пречекот на струшките ракометари беше во организација на ракометниот турнир „Струга 2012“.
На свеченоста на ракометните репрезентативци им беа доделени признанија од страна на организациониот одбор. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација ги награди со седумдневен бесплатен одмор во Охрид, заедно со нивните сопруги.
А, денес Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ги одликува македонските ракометари со „Медал за заслуги за Македонија“. Медалите се за афирмација на Република Македонија во светот со постигнатите врвни резултати во ракометот на меѓународен план и за исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во нашата земја.
{loadposition content9}