Skip to main content

Струга започнува реконструкција на улицата од Автокампот „Ас“ до Сатеска: пешачка и велосипедска патека во најава

Нова сообраќајница и пешачко-велосипедска патека во Езерски Лозја
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со тимот на Општина Струга, инженерскиот тим на проектната единица за реализација на проектот „Подобрување на локалната патна инфраструктура во избрани општини – дел 2“, како и претставници од Единицата за имплементација на проекти од Светска банка при Министерството за транспорт, во рамки на проектот Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project, остварија работна средба и теренска посета на локацијата на планираните активности.

-Проектот опфаќа реконструкција на улица во населбата Езерски Лозја, на потегот од Автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска, со што е предвидена реконструкција на постојната сообраќајница, изградба на пешачка и велосипедска патека, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, велат од Општина Струга.

Од таму информираат дека целта на состанокот беше идентификување на потенцијалните предизвици на терен и изнаоѓање соодветни решенија, со цел навремено и квалитетно започнување на градежните работи и додаваат дека се очекува градежните активности да започнат во наредните 10 дена.