Skip to main content

Струга се подготвува за новогодишните празници, отворен повик за учество на Новогодишниот пазар

Општина Струга ги повикува сите заинтересирани бизниси и изложувачи да се пријават за учество на Новогодишниот пазар, кој ќе донесе празнична атмосфера и содржини во центарот на градот.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга започнува со подготовките за новогодишниот пазар, кој има цел да внесе празнична атмосфера и да го раздвижи центарот на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Сите заинтересирани бизниси, физички и правни лица кои нудат прехранбени производи, пијалаци, слатки, ракотворби, сувенири и други празнични содржини се повикуваат да се пријават за учество.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 3 декември 2026 година, а заинтересираните потребната документација треба да ја достават на шалтерот на Општина Струга.

Од Општината очекуваат со учеството на локалните бизниси и креативните изложувачи да се создаде празнична атмосфера, да се зголеми раздвиженоста во градот и да им се понуди на граѓаните и посетителите поубаво новогодишно доживување.