Општина Струга доделува субвенции за приватни музеи и уметнички галерии

Општина Струга објави јавен повик за финансиска поддршка на приватни музеи и уметнички галерии кои работат на нејзината територија. За оваа намена се предвидени вкупно 200.000 денари, а крајниот рок за поднесување на апликациите е 27 ноември 2026 година.
Јавниот повик се реализира согласно Програмата за општа туристичка пропаганда за 2026 година и Правилникот за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост.
Предвидените средства во вкупен износ од 200.000 денари ќе бидат распределени подеднакво меѓу сите баратели чии апликации ќе бидат одобрени.
Заинтересираните субјекти можат да ја достават потребната документација на шалтерот на Општина Струга, секој работен ден, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Од Општина Струга посочуваат дека со оваа мерка се поддржуваат зачувувањето на културното наследство, развојот на уметничкото творештво и унапредувањето на културниот туризам.
Условите за учество, потребната документација и целосниот текст на јавниот повик се достапни на официјалната веб-страница на Општина Струга. ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година | Општина Струга








