Skip to main content

Струга ќе светне

Локалната самоуправа постави канделабри на улиците кои години наназад беа во мрак.

 |  Билјана Ќосеска  | 
kandelabri
канделабри
Најдоцна за една недела во Струга  комплетно ќе се уреди уличното осветлување.  Локалната самоуправа во моментов го релизира проектот за поставување нови канделабри  на повеќе улици во градот,  која години наназад беа во мрак. Граѓаните велат оти се забележува подобрување на осветлување на Струга.

Конентираат дека крајно време е да се реши овој горлив проблем, бидејќи сеуште во градот има улици кои воопшто не се осветлени. Локалната самоуправа  превзеде обврска во моментов да ја реши оваа проблематика но  само на дел од градот. Осветлување се поставува на улицата која години наназад речиси да немаше канделабри а  тука се наоѓаат: Општинската зграда, Поштата, Центарот за социјални грижи, Основниот суд, како и МВР.

kandelabriКанделабрите веќе се поставени, во секоја момент се очекува осветлувањето да биде активирано. Надлежните велат оти овие активности се во приоритетната програма и дека неуморно се работи на подобрување на осветлувањето.

Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга кажува дека проблемот со уличното осветлување е решен на улицата „Маркс Енгелс“. Се прават напори на поставуување ново како и одржување, реконструирање на веќе постоечкото.
Истото ќе послужи  за подолг период само доколку граѓаните  не ги уништуваат канделабрите, вели секретарот на општина Струга.

 

 

{loadposition content9}