Skip to main content

општина струга

Општина Струга ќе биде дел од „Tourism Fair Albania 2026“

Општина Струга: Овој саем ќе обедини компании, институции и посетители од регионот, нудејќи можности за нови соработки и проширување на пазарот.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга го најави своето учество на меѓународниот саем за туризам „Tourism Fair Albania 2026“, кој ќе се одржи на 11–12 февруари 2026 година во Тирана, Република Албанија.

-Овој саем претставува значајна можност за промоција на производите, услугите и туристичкиот потенцијал на нашата општина, велат од општината и го покануваат туристичкиот сектор да учествуваат директно на саемот, презентирајќи ја нивната понуда, но и да придонесат со промотивни материјали, кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга.

Рок за доставување на промотивни материјали е 10 февруари 2026 во канцелариите на Општина Струга – Одделение за Туризам, а за повеќе информации и координација заинтересираните лица можат да го контактираат Одделението за Туризам на Општина Струга.