Струга тоне во проблеми
Конечно се јави некој да го спасува овој град од безаконието и анархија на поедини моќници кои владеат на оваа територија. Претседателот на политичката опција „ПОДЕМ“ Наум Кутаноски, кажа стоп за општиот хаос во градот.
ПОдем
Струга е фрлена на колена и од неа сите креваат раце. Вака обвинија челните луѓе на политичкиот субјект „ПОДЕМ“ од Струга. Градот е препуштен сам на себе. Недомаќинското и незаконското работење на актуелното локално водство ја прелеа чашата на толеранцијата, смета претседателот на ОО на „Подем“ од Струга, Наум Кутаноски. Тој додава дека крајно време е јавноста да се информира и да знае дека има рамо на кое можат да се потпрат граѓаните на Струга околу бројните проблеми со кои се соочуваат.
„ПОДЕМ“ како политичка опција е магнет за сите категории на граѓани“, вели Кутаноски. Тој додава дека на стружани тоа добро им било познато и од ден на ден партијата бележела нови членства. Кутаноски потенцира дека во партијата „ПОДЕМ“ за сите имало место.
Проблемите во Струга се големи, вели Кутаноски и додаде дека поголемиот број од нив веќе се детектирани.
Од страна на претседателот на ПОДЕМ, образованието беше потенцирано како посебен проблем. Кутаноски рече дека тука политиката длабоко вмешала прсти, посебно во руралните средини каде доминира македонското население, се со цел луѓето да бегаат од овие средини. Тој рече дека неслучајно Струга е турната во информативен мрак каде се зборува само за дрога, проституција и криминал, а за афирмативните работи кои ретко се случувале немало кој да каже. Кутаноски за крај порача да се разбуди јавноста во Струга со цел на градот да му се врати сјајот.
{loadposition content9}