Во Струга, по трет пат „Година на Есејот“
Литературниот собир се организира во чест на излегувањето на зборникот на Браќата Миладиновци.
„Манифестацијата ќе трае три дена, ќе бидат опфатени различни теми на кои че дискутираме со сите учесниците на истата“- вели м-р Разме Кумбароски од медитеранска академија „Браќа Миладиновци“.
Годинешното признание – „Портрет за севкупен творечки процес“ му се доделува на истакнатиот академик Горан Калоѓера од Хрватска. Ова високо признание му припаѓа него во знак на посебен придонес и афирмација на македонската и хрватската литература, култура и јазик во земјата и светот, вели претседател на меѓународниот одбор Медитеранска академија, Јован Стрезоски.
Свеченото отварање на манифестацијата „Година на Есејот“ ќе биде на 18-есети овој месец а ќе трае до 20-есети.
{loadposition content9}