Skip to main content

JП „Водовод и Kанализација“ – Струга

Струга воведува рестрикции во водоснабдувањето

JП „Водовод и Kанализација“ – Струга објави дека рестрикциите ќе траат по 5 часа до стабилизирање на состојбата.
 |  инфодеск  | 
Струга

Поради високите температури и за да се избегнат проблеми при водоснабдувањето, во општина Струга се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето.

„Рестрикции на вода ќе има на целата територија на општина Струга, од 01:00 до 06:00 часот. “ – објавија од JП „Водовод и Kанализација“ – Струга.

Од јавното претпријатие посочуваат дека ограничувањето ќе трае до стабилизирање на состојбата.