Skip to main content

Струга заслужува да биде почиста

Забелешките на струшките советници дека хаосот во комуналната сфера е евидентен, е само уште една потврда на она што деновиве најповеќе реагираа граѓаните на Струга.

 |  Биљана Николовска  | 
zenska plaza gjubre
женска плажа ѓубре

Советниците дирекно во неколку наврати како главен виновник за тоа го посочија ЈП „Комунално“. И ТВМ во неколку наврати информираше за грдата слика со градежниот шут и комуналниот смет на дел од плажите во Струга. Денес на оваа тема проговори и советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Затуроски, од каде што доаѓа и директорот на ЈП, Петко Кутаноски.

Тој истакна – „Ние сме сведоци, секојдневно ги гледаме сите овие работи каде што се растура шут на секоја страна после рушење на објекти каде што се фрла ѓубре на секоја страна. Факт е дека комуналното претпријатие функционира така како што функционира, меѓутоа сметам со малку поригорозна политика од страна на општинската администрација, Струга ќе ја направиме малку почиста. На што мислам на казнување на секој оној кој ќе ги прекрши оние принципи кои што се со закон заштитени. По мене мислам дека сите оние општини кои што функционираат многу подобро од нашата ние само треба да копираме одредени работи за да бидиме што подобри, а не да одиме со глава во зид“.