Струшката чаршија го губи автентичниот лик
Струшката чаршија го губи автентичниот лик. Старите мермерни плочки се распаѓаат, а наместо соодветна ревитализација, тие се заменуваат со разни несоодветни материјали.
Струшката чаршија е симбол на градот на мостовите, дел од културно историското богатство, специфична, единствена и уникатна. Активистите бараат ревитализација за зачувување на автентичноста.
„Во последните години истата се наоѓа во ктирично лоша состојба, Практично не може да се поминат пет до десет метри на чаршијата а да не се види испукана плочка, дупки на плочникот. Плочки кои се поставени како замена, а не доликуваат на автентичниот изглед на чаршијата”, вели Глигорие Ќатоски активист.
Чаршијата во Струга, која е најфрекфентното шеталиште што го посетуваат бројните гости е во лоша и критична состојба, небезбедна со дупки и нерамнини на што негодуваат и туристите.
„Јас доаѓам од Австралија од земја од море, од плажи … ама на Струга ваква чаршија не доликува”, вели иселеничка од Австралија.
„Една повозрасна туристка од Холандија не ја виде дупката која што постоеше на дел од плочникот и падна. Се приближивме да и помогнеме , за среќа немаше посериозни повреди. Сметам дека ова не треба да биде изгледот на чаршијата кој треба да го претставиме пред туристи”, вели Ќатоски.
Под притисок на урбаната и градежна експанзија комплетно е изменета и старата градска архитектура во струшката чаршија. Експертите велат старото струшко јадро треба да се заштити со посебен закон.
Новинар Соња Рилковска