Струшката чаршија ја изгуби автентичноста. Ги нема старите дуќани, ќепенците и занаетчиските работилници. Исчезна и старата градска архитектура, куќите кои беа белег на градот. Во минатото низ чаршијата имаше кувеџии, лимари, тенеќеџии, ковачи, кондураџии…. Денес нема занаетчии. Таа струшка чаршија пред повеќе од половина век не е ни на лик на денешната, раскажува 85 годишниот стружанец Климент Матоски автор на книгата „Струга во мојата душа, Струга од мојата младост“.
„Тука имаше еден огромен број занаетчии од кувенџии, златари како што беше моето семејство, до налбати. Буквално имаше слаткарници, тенеќеџии, лимари, ковачи, кондураџии, шапкари, шивачи. Буквално се и тука се се одвиваше. И сега ако некако географски се обидеме да го лоцираме тој дел што го викавме и се уште го викаме како чаршијаа тоа беше 100 тина метри од дрвениот мост до турска маала и црквата и се беше тука.“- вели Климент Матоски хроничар на градот.
Климент е роден во една од куќите на самата чаршија, своето детство, младост и староста ги минува во срцето на Струга. Од својата петта година со дедо му во дуќан го учел кувенџискиот занает.
„Куќата во која што сум роден е буквално на чаршијата собата во која сумс е родил, немало тогаш родилни домови. Со занаетот почнав некаде петта година од мојот живот, тоа некаде 45 та година 46 година јас веќе бев шегарт. Требаше да поминат пет години заодлжително еснафот не дозволуваше а потоа стекнуваш право следните пет годни да станиш калфа па после пет години имаш право за мајторски испит.“ – вели Матоски.
Индустријализацијата го уништи занаетчиството, современите трговски дуќани ги заменаа старите занаетчиски работилници. Според Матоски за секое минато се вели стари добри времиња, но имало и тогаш и денес има и добри и лоши страни.
Новинар Соња Рилковкса