Skip to main content

Струшките икони си дојдоа „дома“

Во црквата посветена на победоносецот и чудотворецот, големиот заштитник на Струга Свети Ѓерѓија, пред јавноста претставен уште еден значаен дел од бесценетата ризница на културно богатство кое го поседува Струга.

ikoni
iкони
Во црквата посветена на победоносецот и чудотворецот, големиот заштитник на Струга Свети Ѓерѓија, пред јавноста претставен уште еден значаен дел од бесценетата ризница на културно богатство кое го поседува Струга.

ikoniВо црквата Света Ѓорѓија во Струга, промовирана вредна поставка на 40 тина икони, кои датираат од 15 – 19 век и се дел од културното наследство на Струга и струшко. Помеѓу присутните гости на овој несекојдневен настан беа: Министерката за култура Елизабета Канческа – Милеска, Митрополитот Дебарско – Кичевски Г. Тимотеј и Академик Цветко Грозданов. Иконите се ремек дело на Византиската, Словенската и Балканската уметност. Зошто е одбрана токму оваа црква и токму Струга, свое објаснение даде Академик Цветко Грозданов. „Овој град во средината на 19от век претставувал клучна артерија во историјата на македонската преродба“, посочи Академик Грозданов. „ Имаме еден добар колектив на Незлобински во Струга, кој за краток период успеа да ги класифицира и датира сите овие икони, со нивна претходна конзервација. Ние денес знаеме кои икони ги имаме и на кое време тие му припаѓаат“, додава тој.

Со ова струга градот на браќата Миладиновци, центарот на македонаскта народна преродба со право го носи епитетот Колевка на силен и нескршлив идентитет и ентитет.

„ Со галеријата на овие вредни икони сместена во храмот кој претставува духовна и културна ризница, сведок на културниот натпревар на цивилизациите дава универзален придонес кон збогатувањето на непроценливото културно наследство кое го поседува РМ. Поставката која денес ја презентираме пред јавноста содржи 40тина икони кои датираат од 15от – 19от век. Истите се вистински репрезент на силниот дух и моќта на македонската уметничка и културна традиција“, истакна во своето обраќање министер Канчевска – Милеска.

Традицијата запишала дека светите храмови, цркви и манастири се Библија во камен. Тие се сјај на македонскиот народ, македонаската православна црква. Делата кои се презентирани со своето уметничко значење, значително го зголемија интересот за богатото културно и уметничко наследство на Струга и струшко, и се вистински творечки сегмент, дел од богатството кое Македонија ја прави земја со ендемична култура и традиција.

{loadposition content9}