Skip to main content

Струшкиот „Кванташки пазар“ повторно депонија

Продавачите, отпадоци и овошје фрлаат на секаде.

 |  Билјана Колоска  | 
kvantashki pazar
кванташки пазар
Продавачите, отпадоци и овошје фрлаат на секаде.

„Кога немаме контејнер друг избор не ни преостанува, додаваат тие. Не го чистевме пазарот бидејќи не беше во наша сопственост“, објаснува директорот на Комуналното претпријатие.

kvantaski pazarПродавачите велат, ние не сме виновни, нема каде да го излагаме сметот затоа приморани сме отпадоците да ги оставаме на кванташкиот пазар.

Секоја година, се случува истата состојба и повторно  надлежните не мрдаат со прст, велат продавачите.
Од Јавното претпријатие „Комунално“објаснуваат дека имаат издржана причина поради која „Кванташки“  пазар се претвори во депонија а тие не го исчистиле.

Ние денес бевме на терен и видовме дека „Пазарот на Големо“ е во катастрофална состојба. Сега кога ние ги превзедивме сите обврски „Кванташки“ ќе биде исчистен, најави директорот Кутаноски. Во иднина нема да го издаваме пазарот под закуп, сами ќе го одржуваме, од него ќе профитираме и воедно ќе имаме поголема контрола и хигиена на истиот“, изјави  директорот.

„Тука го фрламе сметот, бидејќи Комуналното претпријатие не ни обезбеди барем еден контејнер, отпадоците ги фрламе и во  реката „Црн Дрим“. Нема ниту чешма, ниту тоалет, а истакната е голема плаката „Кванташки Пазар“. Нека го уредат по сите стандарди,  и ние ќе плаќаме за користење на истиот“- вели еден од продавачите на „Кванташки Пазар“.

„Пристапивме кон решавање на проблемот. Раскинат е договорот со закупците. Затекнавме ситуација не невладеење на тој простор. Ако Комунално го чистеше „Кванташки пазар“ тогаш не знаевме на кого од закупците да му фактурираме за услугата“-вели директорот Петко Кутаноски.

{loadposition content9}