Skip to main content

Струшките невладини организации повикаа на фер избори

Тие побараа да нема семејно гласање и принудување од било каков вид. Изразија надеж дека овие избори сепак ќе поминат без никакви тензии.

 |  Мишел Наумоски  | 
NVO Struga
НВО Струга

Невладините организации од Струга, Езерка, еколошкото друштво Енхалон и Мегалополис побараа фер избори и почитување на демократските права на сите граѓани. Изразија надеж дека локалните избори закажани за во недела нема да бидат недемократски,  и потенцираа дека белегот кој ќе биде оставен по нивното завршување во секој случај ќе биде позитивна или негативна препорака за Европската унија.

nevladini za fer izbori„Како невладина организација, јас ги повикувам на масовна излезеност сите граѓани бидејќи нашето мото е „Гласам, значи постојам“, но и гласањето  да биде поединечно, секој да си гласа сам, да го нема семејното гласање, посебно да го нема насилството и тензичното однесување на изборите, а исто така заплашување на населението гласај за овој, гласај за оној. Гласањето да биде по своја волја и со свое сопствено мислење.“-рече Драгица Попоска од НВО „Езерка“ од Струга.

Невладините сепак изразија надеж дека ќе надвладее разумот и дека овие избори ќе поминат во фер и демократска атмосфера.

NVO izbori bez nasilstvo„Македонскиот народ одсекогаш правел избори кои што доликуваат на човекот. Сметаме дека и сега ќе се случи истото, со некои најави за некои други претензии, сметаме дека тука треб да си ја извршат својата задача надлежните органи кои што постојат. Тензии не ни се потребни, потребна ни е човечност, затоа што избираме луѓе кои што во наредните 4 години треба да допринесуваат за развојот на општина Струга.“-вели Мате Гогоски од еколошкото друштво „Енхалон“ од Струга.

Од невладината „Мегалополис“ пак, посебно се обратија до младата генерација која за прв пат ќе излезе на гласање.

„Ние на младите им препорачуваме да излезат и да гласаат, секој по своја желба.“-изјави Изабела Стојаноска од НВО „Мегалополис“.

Стојаноска додаде дека токму младите треба да го искористат својот интелект и потенцијал и да се одлучат за она што според нив ќе значи вистински избор.

{loadposition content9}