Skip to main content

Струшките пожарникари бараат возило од охридските колеги

Командирот на струшката противпожарната единица Урим Каба излез од очајната состојба во која се наоѓа возниот парк на неговата противпожарна единица гледа во охридската противпожарна единица. Каба  бара отстапување на возило од охридските колеги.

 |  Валентина Нелоска  | 
pozarna Struga
пожарна Струга

pozarna StrugaКомандирот на струшката противпожарната единица Урим Каба излез од очајната состојба во која се наоѓа возниот парк на неговата противпожарна единица гледа во охридската противпожарна единица. Каба  бара отстапување на возило од охридските колеги.

„Според, Законот охридската противпожарна единица треба да ни го додели нас вишокот на возила ако го има добиено од донации или од Владата , а тоа дод ен денес не е случено, вели Каба. Со ваквото барање  не се согласува неговиот охридски колега Спасе Прентоски. Командирот Прентоски објаснува дека  тие не располагаат со вишок возила. Тоа што планираат и бараат до надлежните институции обновување и на нивниот застарен парк е успех на нивната единица и не значи дека имаат и вишок на противпожарни возила. Во моментов располагаат со 6 возила и секое од возилата има своја намена. Прават напори преку странски донации да обезбедат уште едно возило за интервенција во и од езерските води, но никако не може да стане збор дека располагаат со против пожарни возила кои би ги отстапиле. Прентоски се повикува на Законот за заштита од пожари во кој е прецизирана распределбата, односно,  за тоа дали и кому треба да се доделат  противпожарни возила одлучува Комисија од Дирекцијата за заштита и спасување, а не тие.

На нашето прашање што прави командирот Каба  за да го подобри и  обнови противпожарниот возен парк  струшкиот прв пожарникар објаснува дека за тоа се обратиле до струшката локална самоуправа.

{loadposition content9}