Наместо потребните 15 по систематизација , струшкиот суд функционира само пет судии. Состојбата е алармантна, Основниот суд во Струга остана и без судија кривичар.
Единствениот кривичен судија користи одмор, а од први октомври заминува во пензија. Стушкиот суд нема да може да постапува за потешките кривични дела, по што повисокиот суд ќе делегира друг суд од регионот.
„Еден судија што постапува како судија на претходна постапка треба да постапува и во кривичен совет за определен акт. Тоа е тројца судии и моментално еден судија и моментално еден на претходна постпка тоа се четворица судии. И нема кој да постапува понатака за тој кривичен предмет, така што имаме ситуација кога овој суд не може да постапува по кривични предмети“ , вели Ифет Бајрамоски претстедателот на Основен суд Струга.
Дополнителен проблем е тоа што од јануари идната година Основниот суд Струга ќе остане само со двајца судии, бидејќи и другите заминуваат во пензија. Од Судски совет, делегирани се уште 2-двајца судии од Основен граѓански суд, да работат во струшкиот суд за период од една година, но поради поднесени приговори на одлуката, се уште нема правосилност и истите немаат отпочнато со работа.
„Во најава е двајца судии да ни донесат од Академијата за судии, впрочем не да донесат туку да делегираат. Меѓутоа тие судии нема да може да постапуваат во сложени предмети како граѓански така и кривични. Во секој случај овој суд ќе остане без судија кривичен судија“ вели Бајрамоски.
Правниците велат поради недостигот на судии граѓаните правдата ја чекаат со години. Судскиот совет итно мора да делегира поиксусен судија, кој што ќе може да постапува за потешките кривични дела.“
Новинар Соња Рилковска