Skip to main content

Струшкиот кеј на реката Црн Дрим во очајна состојба

Искршени и оштетени плочки на двете страни од кејот на реката Црн Дрим. Од едната страна ваквата слика веќе подолг временски период ја нагрдува туристичка Струга, додека пак од другата, плочките се поставени минатата година и веќе се оштетени. Граѓаните сметаат дека локланата самоуправа време е да го реши овој горлив проблем.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Едната страна од струшкиот кеј на реката Црн Дрим, во очајна состојба. Испокршени плочки стрчат насекаде. Покрај што ја нагрдуваат сликата за туристичка Струга истите претставуваат и опасност за минувачите, посебно за оние од понежниот пол. Овие мермерни плочки повеќе од една деценија се поставени на кејот, но по се изгледа се покажа дека не им е местото тука, бидејќи во зима од мразот се лизгави, а исто така и во лето, посебно кога капачите водени излегуваат од реката. Стружани се револтирани, велат дека никој од надлежните досега години наназад не преземаат ништо и бараат час поскоро да се реши овој горлив проблем, бидејќи е срам за градот.

„Треба да се направи бидејќи ова е туристичко место и кејот треба да биде уреден. Видете како изгледаат плочките. Доаѓаат луѓе од Македонија и од секаде

„овде општината е виновна, ако гради некој објект, не може, ова е тротоар за пешаци, а не да поминуваат камиони, зошто локалната го дозволува тоа. Ова е голема грешка за секој човек а повеќе за општината и треба да и се даде забелешка, бидејќи ова е вредност за пешаците, а не за фирмите кои градат и го расипаа тротоарот и не го поправија до ден денес“

„поголем страм од ова не може, ова е само од незаинтересираност. Фалични се секаде испукани, што е причината, неквалитетно поставени“.

За жал има оштетување и на плочките од другата страна на реката Црн Дрим, кои се поставени пред само една година. Беким Кица архитект од Струга смета дека треба да се внимава при изборот на материјалот кој се употребува посебно за вакви места кои треба да претставуваат репрезентативни шеталишта на стружани и гостите кои доаѓаат тука.

„Видливо е дека овој завршен слој односно некои негови елементи имаат очигледни оштетувања најверојатно настанати од различни фактори, како што е транспортот на градежни материјали до локациите, изборот на соодветни материјали или пак годишното време утврдено за реализација на овој проект. Останувам на мислење дека треба да се внимава на наведените елементи “

Од општина Струга веќе распишале тендер за избор на фирма која ќе го реконструира оштетениот дел од плочките како што велат од таму. Додека пак што се однесува за плочките кои се поставени лани а се оштетени, сметаат дека треба да проработи казнената политика на полицијата, која треба да ги казнува несовесните возачи кои со автомобилите и камионите се движат по кејот.