Струшкиот регион открива тајни од железното доба
Деновиве на локалитетот во струшкото село Ташмаруништа археолозите пронајдоа стари копја, белегзии, керамички предмети и други вредни експонати.
Локалитет Ташмаруништа
Нови откритија во струшкото село Ташмаруништа. Пронајдени стари предмети во ископана некропола која датира од времето на 7 и 6 век пред новата ера. Според првичните изјави на стручните лица станува збор за гробни прилози, копја, белегзии и керамички предмети на припадници на војничкиот сталеж од архајски период.
Др. Сашо Цветкоски, директорот на НУ Др. Никола Незлобински, вели дека карактеристично за овој период е начинот на погребување, со тумоли односно радијално поставување на камења врз претходно погребан покојник.
Археолошките истражувања продолжуваат и понатаму вели Цветкоски. Тој додава дека новооткриената тумола во Ташмаруништа е хронолошки доказ за континуирано постоење на цивилизации од хеленизмот, римскиот и ранохристијанскиот период, за што најмногу потврдува базиликата Св. Мартинија. Таму е откриен раскошен поден мозаик, вели Цветкоски.
Вредните откритија најпрво се маркираат на самиот локалитет каде се откриени, внимателно се чистат, се фотографираат, се исцртуваат со сите параметри. Коските од скелетите понатака се подигаат и се праќаат на антрополошка анализа, велат археолозите. Ваквиот зафат антрополозите го нарекуваат реконструкција на настан.
Струшкото село Ташмаруништа е познато по вредните црковни храмови како што е тоа црквата Св. Архангел Михаел која постои повеќе од 150 години и Св. Мартинија ранохристијанската базилика. Исто така, во ова село за време на Илинденското востание во дворот на црквата Св. Архангел Михаил водена е најжестоката борба при што сеуште има остатоци од куршуми на нејзините порти.
{loadposition content9}