Skip to main content

Економија

Струшките дуќанџии бараат да работат во недела

Струшките дуканџии бараат да работат во недела. Министерството за економија, предлогот го испрати до Собранието.
 |  Голабовски Крсте  | 
Струшките дуќанџии

Струшките дуканџии бараат да работат во недела. После барањето на општина Струга, недела да биде работен ден министерството за економија, предлогот го испрати до Собранието, се чека одлуката.

И Струга како туристички центар да биде изземена од законот, бидејќи најголемиот дел од работата на трговците во чаршијата е за време на викенди.

„Убаво е да се работи во недела, бидејќи Струга е туристичко место. Кризата го нарави своето и треба да се работи во недела“, – вели Верди Жаку сопсвеник на дуќан во Струга.

Воведувањето недела неработен ден предизвика огромни финансиски штети врз локалната економија и туризмот, кои ионака се тешко погодени од кризата. Се доведува во прашање егзистенцијата на стотината дуќанџии и нивните вработени.

„Општина Струга со градоначалникот Рамиз Мерко се приклучува на барањето на гастрономите, сите туристички работници и дуќанџиите за во Стуга недела да биде работен ден затоа што знаеме дека Струга е град што дирекно зависи од летната сезона”, – вели Беса Зиба портпарол на општина Струга.

Општина Струга минатата недела поднесе барање до министерството за економија, предлогот во туристичките места да се работи и во недела министерот го испрати до Собранието.

„Недела неработен ден го загрозува локалниот економски развој. Ние работиме за подобрување на ЛЕР затоа бараме до министерството за економија, односно до влада на РМ, Струга да има различни правила во летната сезона”, – вели Зиба.

Од Сојузот на синдикати на Македонија не се согласуваат да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри.

Новинар Соња Рилковска