Skip to main content

Струшко поле поплавено

Од 250 хектари обработена и посеана површина со пченка и пченица не остана ништо.

 |  Николоска Биљана  | 
pole
поле

Од 250 хектари обработена и посеана површина со пченка и пченица не остана ништо. До гуша во кал, неколкуте вработени во ова претпријатие се справуваат со катастрофата. Тие велат државата е виновна за тоа бидејќи водостопанство години наназад не ги чисти каналите.

poleВо вода паднаа 250 хектари обработена и посеана површина со пченка и пченица. Познатото Струшко поле поплавено. До гуша во кал, неколку сточари се справуваат со настанатата катастрофа. Инаку во времето на бивша Југославија Струшко поле само во делот на сточарството броело 1000 вработени. Денес на раб на егзистенција тука опстојуваат 6 мина. Кај нив не умира и последната надеж дека може нешто да се направи работите да се поправат. Деновиве капак на се се обилните дождови кои го опустошија и поплавија целиот годишен посев на пченка и пченица. Сопствениците разочарани велат: „Не е  прв пат вака да заврши и во вода да падне целиот наш труд“.

Вработените во „Сточар“, три дена се мобилни и велат дека само бог може да ја поправи состојбата и да можат да стигнат до обработената површина. Додаваат дека направената штета е непроценлива, но остануваат до крај да се борат за да се спаси тоа што останало. Иљми Ајдин рече дека и минатата година се соочиле со ваква состојба но никој не мрднал ниту со малиот прст. Јавно ги повика сите надлежни во државата да дојдат и видат како поради нивната негрижа умира една гранка за која тие само по медиум се експонираат велејќи дека многу направиле. Но реалноста е сосема поинаква и сурова, додава Ајдин.

Вработените од Струшко поле всушност нема каде да се пожалат бидејќи водостопанство кое е задолжено да преземе мерки  во вакви ситуации, како сектор веќе неколку години не постои. Државата под итно мора да изнајде механизам и институционално да се справи со ваквите големи проблеми бидејќи се работи за значајна гранка од земјоделието.

{loadposition content9}