Skip to main content

Струшката чаршија никогаш почиста

Чаршијата во Струга спремна за романтично уживање на снегот.

 |  Николоска Билјана  | 
Sneshko
Снешко

Екипите на ЈП „Комунално“ Струга, од ноќните часови на терен. Чаршијата свети од чистота, но улиците низ Струга недоволно третирани и го отежнуваат сообраќајот.

carshijaСтрушкото ЈП „Комунално“ успешно се справи со снегот. Обврската на поголемиот дел од вработените на претпријатието била насочена кон расчистување на снегот, бидејќи без тоа невозможно е да се подигнува сметот, вели првиот човек на Комунално, Петко Кутаноски. Кутаноски, денеска, поради снегот, ги одложил поголемиот дел од своите обврски. Тој со екипите излегол на терен со цел да им овозможи на Стружани без проблем да излезат, да прошетаат и уживаат во снегот.
Струшката чаршија поради специфичноста на каменот, невозможно е да се чисти со механизација. Кутаноски, вели дека за нејзиното одржување треба посебен третман.

„Од раните утрински часови поголемиот дел од службите со рачна работна сила чистат снег, со цел да им се обезбеди на граѓаните сигурност и да нема несакани лизгања, кои носат скршеници и други повреди“- вели Кутаноски.

Граѓаните овој пат безрезервно коментираат. Велат дека чаршијата се чисти и добро е што сепак постои слух за тоа, но треба и повеќе.
Сообраќајот низ струшките улици се одвива отежнато. Снегот тука е недоволно исчистен но за нив се грижи дополнително ангажирано приватно претпријатие, вели Кутаноски. Тој додава дека тоа е така заради поефикасно делување според проценката на градоначалникот Рамиз Мерко, кој смета дека самото комунално претпријатие неможе да се справи со тоа.
Снегот е во вистинско време и на вистинско место. Најмногу му се радуваат децата но и возрасните. Тие извршувајќи ја својата граѓанска обврска, чистејќи го снегот од пред дуќаните си поиграа со него правејќи „Снешко белчо“.

{loadposition content9}